• петок, 22 ноември 2024

Предложени парични казни за непостапување според здравствените протоколи во гостиварско

Предложени парични казни за непостапување според здравствените протоколи во гостиварско
Скопје, 12 мај 2021 (МИА)- Гостиварското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица за кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. ЈО соопшти дека шестмина обвинети, од кои петмина од Форино и едно лице од Гостивар, не ги почитувале решенијата со кои здравствените власти им одредиле задолжителна изолација и лекување во домашни услови. Наспроти задолженијата наведени во решенијата, при извршената проверка тие не биле затекнати во нивните домови. Останатите тројца обвинети, пак, не го почитувале важечкиот полициски час и за време на забраната определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот се движеле на различни локации во градот без да поседуваат соодветна дозвола. За сите обвинети надлежните јавни обвинители му предложија на Основниот суд во Гостивар да определи парични казни од по 100 дневни глоби. Основното јавно обвинителство Гостивар поднело и Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот 65-годишник, револтиран од политички настани, на 15.03.2019 година на својот личен профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил пост поврзан со терористичките напади во Нов Зеланд. Со статусот тој повикал на насилство кон граѓаните и имотот на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.свс/лв/

Остани поврзан