• недела, 17 ноември 2024

Предлог за масовно тестирање на коронавирус во Загреб

Предлог за масовно тестирање на коронавирус во Загреб
Загреб, 14 ноември 2020 (МИА) - На состанокот за воведување евентуални нови мерки во Загреб, еден од главните предлози на членовите на загрепскиот штаб бил масовно тестирање на жителите на хрватскиот главен град со брзи тестови, со цел во краток рок да се детектираат колку е можно поголем број на заразени. Тоа е еден од најоптималните начини за ставање на епидемијата под контрола, бидејќи само така, без затворање на економијата, можат да се изолираат сите заразени и сите нови контакти, но и да се минимализира веројатноста за натамошно ширење на заразата, пишува „Јутарњи лист“. Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 3.056 новозаразени случаи, а дури 43 лица починале. Хоспитализирани се 1.620 пациенти, од кои 179 се на респиратори, но болничкиот систем и понатаму се полни. гт/

Остани поврзан