• петок, 22 ноември 2024

Предвидувања на познавачи: Кралот Чарлс можеби ќе го следи примерот на кралицата Маргрета

Предвидувања на познавачи: Кралот Чарлс можеби ќе го следи примерот на кралицата Маргрета

Лондон, 6 октомври 2022 (МИА) - Кралското семејство на Данска неодамна објави дека четирите внуци на кралицата Маргрета ги губат титулите принц и принцеза, на 1 јануари 2023 година. Монархот притоа соопшти дека тоа е во согласност и со другите кралски куќи во Европа.

Овој потег се однесува на вториот син на данската кралица - принцот Јоаким. Принцот Николај, принц Феликс, принц Хенрик и принцезата Атина веќе нема да бидат принцови и принцеза од следната година. Наместо тоа, тие ќе ги користат титулите гроф или грофица и нема да бидат „нивното височество“, туку „нивните екселенции“. Според реакциите, не сите во кралското семејство се согласуваат добро со тоа, но кралицата Маргарета изјавила дека одлуката е конечна, иако „ѝ е многу жал“ поради тоа. [caption id="attachment_1782305" align="aligncenter" width="765"]Кралицата на Данска, Маргарета Кралицата на Данска, Маргарета[/caption] Дали и кралот на Велика Британија, Чарлс Трети ќе го намали бројот на принцови? Со години кружат гласини за првите потези на Чарлс Трети. Многу познавачи се прашуваат на кого мислела данската кралица под тие „други кралски куќи во Европа“, кога објави дека го намалува бројот на активни членови на кралското семејство, па многумина се сомневаат дека тука спаѓа и британската кралска куќа Виндзор. Стручњаци за кралските работи говорат за можен договор меѓу Чарлс и неговата далечна роднина Маргрета, за намалување должностите на кралското семејство, а некои веруваат дека потегот на данската кралица е совршена можност и британскиот крал да испроба нешто слично, па да се види како тоа ќе оди со помалку членови. Марлен Кениг, стручњак за европските кралски семејства, за „Инсајдер“ вели дека кралот Чарлс најверојатно „фаќа белешки“ со својот тим за последиците и резултатите по одлуката на Маргрета. Чарлс сè уште не ги прогласил Арчи и Лилибет за принц и принцеза, иако според законот од 1917 година, титулите им припаѓаат ним. Предвидувањата говорат дека Чарлс може да ги промени и законите и обичаите во неговото семејство и дека сегашните 22 членови на кралското семејство кои извршуваат должности во име на монархот - можби ќе бидат намалени на само на седум. Новиот британски крал, наводно, сака да им олесни на британските даночни обврзници, со таа одлука „да го намали кралското семејство“. Во институционална смисла, тука би влегле кралот, кралицата сопруга Камила, престолонаследникот - принц Вилијам, принцезата Кетрин - Кејт Мидлтон и нивните три деца. Понатаму, се говори дека во иднина, принцези и принцови ќе бидат само директните наследници на владетелот. [caption id="attachment_1782306" align="aligncenter" width="765"]Шпанската престолонаследничка Леонор Шпанската престолонаследничка Леонор[/caption] Каква е состојбата во другите европски монархии? Европа денес има 12 монархии, од коишто седум се кралства - Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Шпанија, Холандија и Белгија. Андора, Лихтенштајн и Монако се кнежевства, а Луксембург, официјално, е Големо Војводство. Сите тие имаат различни закони и обичаи за наследување, но бидејќи се помалку популарни од британското кралско семејство, не се пишува често за нив. Во Шпанија, на пр., само најстарото дете на владетелот е принц или принцеза. Така, сега принцеза е само постарата ќерка на кралот Фелипе - Леонор. Нејзината помлада сестра Софија ја има титулата „инфанта“, иако и таа е ќерка на кралот. Но, ако кралот и неговата сопруга Летиција добијат син, т.е. машки наследник, Леонор веќе нема да биде наследничка, а со тоа ни принцеза.  си/

Остани поврзан