• петок, 22 ноември 2024

Предавање на француско-романскиот автор Матеј Вишниек

Предавање на француско-романскиот автор Матеј Вишниек

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Во Јуроп хаус во Скопје денеска ќе се одржи онлајн-предавање на француско-романскиот автор Матеј Вишниек на тема „Реоткривање на романската франкофонија“.

Настанот е организиран од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Катедрата за романски јазици и книжевности, со поддршка на Амбасадата на Романија, а се одржува во рамките на манифестацијата „Денови на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје“. Предавањето ќе се реализира на француски јазик со симултан превод на македонски јазик.

Матеј Вишниек е писател, драматург, новинар, поет и романописец, кој твори на француски јазик. Како и кај други уметници и интелектуалци кои се родени во Романија, но твореле во културата на дијаспората, уметничкото творештво и животот на Матеј Вишниек можат да се поделат на - годините на академското и културното оформување во Романија, родната земја со нејзините жители кои останаа негов главен извор на инспирација, независно од книжевниот жанр што го обработува, и зрелоста и меѓународниот успех стекнати во француската култура во која живее и го објавува најголемиот дел од своето дело.

-Оваа исклучителна вечер ни го овозможува задоволството директно да откриеме некои од суштинските идеи на творештвото на драмскиот писател и новинар Матеј Вишниек, како и можноста да го откриеме уметникот и да му поставиме, иако онлајн, неколку прашања, соопштија од Филолошкиот факултет. бт/мд/

Фото: Фејсбук страница на авторот

Остани поврзан