Прв трејлер за документарецот за Ноториус БИГ на Нетфликс
- Филмот треба да ја одбележи 24-годишнината од смртта на славниот рапер, чие вистинското име е Кристофер Волас, а кој сите љубители на рап-музиката ќе го паметат под псевдонимот Ноториус БИГ и
Њујорк, 17 февруари 2021 (МИА) - Нетфликс вчера, на официјалната страница го објави првиот трејлер за документарецот за животот на американскиот рапер Ноториус БИГ (The Notorious B.I.G.).
Филмот со наслов „Биги: Имам приказна да раскажам“ (Biggie: I Got a Story to Tell) треба да ја одбележи 24-годишнината од смртта на славниот рапер, чие вистинското име е Кристофер Волас, а кој сите љубители на рап-музиката ќе го паметат под псевдонимот Ноториус БИГ или „биги“. Според најавите, филмот треба да се најде на стрим-платформата на 1 март.
„Кристофер Волас или Ноториус БИГ е сè уште една од иконите на хип-хопот, и остана препознатлив по неговите автобиографски текстови. Овој документарец ги слави неговиот живот и наследството, преку ретки снимки од зад сцената и сведоштва на бројни пријатели и семејство", соопштува Нетфликс.
https://www.youtube.com/watch?v=fRj2NxkM84U
Како што се наведува, документарецот ќе се осврне на животот на Биги и пред неговата раперска кариера и на неговиот подем во музичката индустрија. „Секоја легенда има приказна за своето потекло“, стои во описот. Во филмот ќе учествуваат многу личности од тоа време кои на овој или оној начин беа дел од животот на Биги.
Озлогласениот Б.И.Г. беше убиен 1997 година во престрелка во Лос Анџелес. Откако присуствувал на промоцијата на албумот „Life After Death“, Волас се враќал со својата придружба во хотелот во којшто престојувал. На патот кон хотелот се случило пукање во коешто едно лице испукало 4 куршуми кон раперот. Набргу потоа, лекарите во болницата само констатирале смрт. Тој имаше 24 години. си/