Прв случај на новиот коронавирус во Молдавија
- Министерството за здравство на Молдавија синоќа пријави прв потврден случај на новиот коронавирус во земјата
Кишињев, 8 март 2020 (МИА) - Министерството за здравство на Молдавија синоќа пријави прв потврден случај на новиот коронавирус во земјата.
Ковид-19 е откриен кај жена која се вратила од Италија и таа е хоспитализирана.
- Лицето е доведено од аеродром... со пневмонија, акутни респираторни проблеми. Треска, кашлица и општа слабост, се наведува во соопштението на молдавското Министерството за здравство. ми/