• понеделник, 24 јуни 2024

Прв натпревар без победник на ЕУРО2024, Данска и Словенија ремизираа

Прв натпревар без победник на ЕУРО2024, Данска и Словенија ремизираа

 

Штутгарт, 16 јуни 2024 (МИА) – Данска и Словенија го одиграа вечерва првиот натпревар на ЕВРО2024 кој заврши без победник, ремизирајќи 1-1 во воведниот натпревар во групата Ц.

Данска, на дуелот во Штутгарт кој од трибините го следеа 60.449 гледачи, поведе во 17 минута со голот на Ериксен.

Словенија избегна стартен пораз во групната фаза со голот на Јанжа во 77 минута.

Првото коло во групата Ц ќе биде комплетирано вечерва со дуелот меѓу Англија и Србија. ег/

ФОТО: ЕПА

 

Остани поврзан