Првите вакцини од Ковакс програмата во БиХ ќе стигнат следната недела
- Првата достава на вакцини од програмата Ковакс во Босна и Херцеговина ќе пристигне на 24 март, соопшти денеска Министерството за цивилни работи на БиХ.
Сараево, 20 март 2021 (МИА) - Првата достава на вакцини од програмата Ковакс во Босна и Херцеговина ќе пристигне на 24 март, соопшти денеска Министерството за цивилни работи на БиХ.
Како што е наведено, 23.400 дози вакцина од компанијата „Фајзер/Бионтек“ ќе пристигнат на 24 март, додека 24.000 дози разредувач ќе бидат доставени претходниот ден. Точното време на пристигнување на вакцината зависи од летот до Сараево.