Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, учествуваше на 4-тата Балканска школа за педијатрија
- Во своето обраќање, тој истакна дека оваа школа претставува вредна можност за соработка и унапредување на знаењата во служба на здравјето на децата. Според него, ваквите иницијативи придонесуваат за зајакнување на професионалните капацитети, усогласување на стандардите и зголемување на квалитетот на педијатриските услуги.
Скопје, 27 март 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денес учествуваше на отворањето на 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој обединува здравствени професионалци од регионот, соопштија од неговиот Кабинет.
Во своето обраќање, тој истакна дека оваа школа претставува вредна можност за соработка и унапредување на знаењата во служба на здравјето на децата. Според него, ваквите иницијативи придонесуваат за зајакнување на професионалните капацитети, усогласување на стандардите и зголемување на квалитетот на педијатриските услуги.

Тој нагласи дека педијатрите имаат незаменлива улога во општеството, бидејќи се на првата линија во грижата за здравјето и благосостојбата на децата, и затоа заслужуваат континуирана поддршка преку едукација и меѓународна соработка.
На крајот, Сали им упати честитки на организаторите за сработеното, изразувајќи посебна благодарност до претседателката на Здружението на педијатри во Северна Македонија, Аспазија Софијанова, за нејзиниот придонес во развојот на овој важен сектор.
Кабинет на министерот за европски прашања
ФОТО: Кабинет на министерот за европски прашања