• понеделник, 23 декември 2024

Првата приватна научна мисија на МВС во подготовка

Првата приватна научна мисија на МВС во подготовка
Мајами, 8 април 2022 (МИА) - Првата целосно приватна мисија на Меѓународната вселенска станица - МВС, почнува денеска со четиричлен екипаж од новата компанијата „Аксиом спејс“ (Axiom Space). Потегот беше поздравен од НАСА, која го гледа тоа како клучен чекор во комерцијализацијата на оваа област на Вселената позната како Ниска орбита на Земјата. Полетувањето е закажано за 17:17 часот по македонско време (15:17 ч. по Гринич) од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида (САД), со ракета на „Спејс-Икс“. Командант на мисијата „Аксиом-1“ е поранешниот астронаут на НАСА, Мајкл Лопез-Алегрија, кој има и американско и шпанско државјанство. Нему му се придружуваат тројца платени членови на екипажот - американскиот инвеститор во недвижности Лери Конор, канадскиот бизнисмен Марк Пати и поранешниот израелски борбен пилот и претприемач Ејтан Стибе. Добро познатата цена на билетот - која вклучува осум дена на полигонот - е 55 милиони долари. Но, за разлика од неодамнешните суборбитални летови од висок профил на „Блу ориџин“ и „Вирџин галактик“, мисијата на „Аксиом“, велат оттаму, не треба да се смета за туризам. На МВС, којашто се наоѓа на 400 километри над Земјината површина, квартетот ќе спроведе истражувачки проекти околу стареењето во Вселената, експерименти со матични клетки и технолошка демонстрација на самосклопувачко вселенско летало. - Разликата е во тоа што нашите момчиња нема да одат таму осум дена, да фотографираат и да гледаат од куполата, изјави Дерек Хасман, главен оперативен директор на „Аксиом“, на брифингот пред лансирањето. - Мислам... Имаме многу интензивен и истражувачки план за нив. Екипажот ќе живее и работи со редовниот екипаж на станицата. Таму сега има тројца Американци и еден Германец во американскиот дел и тројца Руси на руската страна. „Аксиом“ соработува со „Спејс-Икс“ во вкупно четири мисии, а НАСА веќе ја одобри втората нивна заедничка. „Аксиом“ го гледа патувањето како прв чекор кон поголема цел - изградба на сопствена приватна вселенска станица. Првиот модул е ​​планиран да биде лансиран во септември 2024 година, според претседателот и извршен директор Мајкл Суфредини. Планот е првично да биде прикачен на МВС, а потоа самостојно да продолжи кога таа ќе се повлече кон Земјатам според планот по 2030 година.  си/

Остани поврзан