• петок, 22 ноември 2024

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска со поддршка на активностите ХелтХаб

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска со поддршка на активностите ХелтХаб
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Во канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски, МладиХаб од денеска започнуваат активностите ХелтиХаб, иницијатива на Здружението на студенти по медицина – ЗСМ, а со поддршка на првата дама, Елизабета Ѓоргиевска и Министерството за здравство, информираат од кабинетот на претседателот. На отворањето, како што соопштија бил потпишан Меморандум за соработка помеѓу Миле Бошњаковски, генерален секретар на Кабинетот на претседателот, Беким Сали, министер за здравство и Љубица Баткоска, претседател на Здружението на студенти по медицина - ЗСМ.

-Поздравувајќи ја иницијативата ХелтХаб чија цел е креирање на можности и создавање на простор за совладување на потребните вештини за решавање  на  јавно-здравствени предизвици, како и создадавање на еднаквост во здравството, Ѓоргиевска ја изрази својата поддршка на младите во нивните активности  поврзани со унапредување на здравјето, здравствената заштита и здравата животна средина, се вели во соопштението.

Првата дама говорела и за вложувањето во континуираната професионална наобразба на младиот кадар во областа на здравството и примената на стекнатото знаење во пракса како значајни за унапредување на здравствените услуги и јавното здравје.

Министерот за здравство Беким Сали во своето обраќање го поздравил почетокот на функционирањето на Хелтхаб истакнувајќи дека заедничка заложба е насочување на  активностите на Хелтхаб кон зајакнување на поддршката за заштита и унапредување на правата на лекарите и студентите по медицина.

-Во рамки на ХелтХаб, во канцеларијата на претседателот МладиХаб ќе се организираат настани за подигање на јавната свест и едукација на населението за актуелни теми во општеството од областа на медицинските науки, трибини и дискусии за земање активно учество во креирањето на политиките насочени кон студентите по медицина, настани поврзани со стручното усовршување на студентите по медицина и за унапредување на здравјето на населението преку научно базирани сознанија, информираат од кабинетот.

ХелтХаб, како што додаваат ќе работи на унапредување на превентивната здравствена заштита, зацврстување на позицијата на младите лекари и студентите во општеството, како и на изнаоѓање креативни и иновативни решенија за решавање на здравстените проблеми на населението. ки/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан