• четврток, 29 август 2024

Прашкаста материја пронајдена во штипскиот затвор

Прашкаста материја пронајдена во штипскиот затвор
Скопје, 22 април 2021 (МИА) - При претрес во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа Затвор Штип кај С.А. од Кочани била пронајдена една ќеса со прашкаста материја. Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници од СВР Штип прашкастата материја била одземена за понатамошна постапка. По комплетирање на случајот, против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/скс/

Остани поврзан