Пратениците од Левица остварија средба со кинескиот амбасадор во заминување
- СООПШТЕНИЕ - По повод 97 години од формирањето на Народноослободителната војска на НР Кина, пратениците од редовите на Левица - Реџеп Исмаил - Хактан и Сашко Јанчев присуствуваа на манифестацијата организирана од нивна страна на одбележувањето на овој празник.
Скопје, 24 јули 2024
По повод 97 години од формирањето на Народноослободителната војска на НР Кина, пратениците од редовите на Левица - Реџеп Исмаил - Хактан и Сашко Јанчев присуствуваа на манифестацијата организирана од нивна страна на одбележувањето на овој празник.
Воедно, по повод завршувањето на мандатот, неговата екселенција, Жанг Ѕуо, госпоѓа Јанг Јуанчун и военото аташе, полковник Зу Нинг од страна на нашите пратеници и раководството на партијата им беше посакана успешна дипломатска кариера во иднина.
Како идеолошки блиски, Левица во иднина ќе продолжи да ги негува односите со НР Кина, како на партиско, така и на институционално ниво!
Левица
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.