• понеделник, 25 ноември 2024

Пратеникот Халил Снопче ќе учествува во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во БиХ

Пратеникот Халил Снопче ќе учествува во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во БиХ
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Пратеникот Халил Снопче, член на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ, ќе учествува во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Република Босна и Херцеговина, што ќе се одржат во недела, на 2 октомври годинава. -Мисијата на ПС на ОБСЕ се состои од парламентарци од земјите учеснички во ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на општите избори во главниот град Сараево, како и во другите  региони, информираат од собраниската прес-служба. Оттаму објаснуваат дека набљудувачите на ПС на ОБСЕ тесно соработуваат со колегите од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР) и со Парламентарното собрание на Советот на Европа, ПС на НАТО и Европскиот парламент. Меѓународната мисија за набљудување на изборите во Босна вклучува над 180 набљудувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите на ОБСЕ во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите права и животната средина. сх/дма/ Фото: МИА архива

Остани поврзан