ПП Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка
- Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, деновиве означија почетокот на реконструкцијата на улици во Старата скопска чаршија. Реконструкцијата повторно се пласира како „зачувување на автентичноста“, но самата динамика на овие интервенции отвора сериозни сомнежи. Ако навистина станува збор за простор што со децении бил занемарен, тогаш зошто во релативно кратки интервали се вршат нови „реставрации“? Ова укажува или на претходно нестручно изведени зафати, или на континуирано користење на чаршијата како полигон за ад-хок урбанистички експерименти, наместо како заштитено културно наследство со јасна и долгорочна стратегија, се вели во соопштението на ПП Левица што МИА го пренесува интегрално.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.