• петок, 22 ноември 2024

„ППЛ“: „Колдплеј“ е најслушана британска група во 21 век

„ППЛ“: „Колдплеј“ е најслушана британска група во 21 век

Лондон, 27 септември 2024 (МИА) - Компанијата за лиценцирање музика, „ППЛ“ (PPL) ја прогласи поп-рок групата „Колдплеј“ (Coldplay) за најслушаната британска група во 21 век.

Поп-составот од Лондон, што го сочинуваат пејачот Крис Мартин, Гај Бериман, Џони Бакланд и Вил Чемпион, е присутен илјадници пати повеќе на радио и ТВ во Обединетото Кралтво од класичните рокери „Квин“, кои се на второто место. А пак, „најпуштаната“ песна на „Колдплеј“ е хитот од 2008 година - „Viva La Vida“. Следат песните „Paradise“, „Clocks“, „Something Just Like This“ и „Adventure Of A Lifetime“.

Основан во 1990-тите, составот ужива трајна популарност и летово стана првиот бенд што како „хедлајнери“ или „главни ѕвезди“ го означија фестивалот „Гластонбери“ пет пати. Имаат вкупно девет албуми што екогаш се на врвот на топ-листите.

На трето место е „Тејк дат“ (Take That), четврти а женскиот состав „Литл микс“ (Little Mix), а „Битлс“ се петти. Следат рокерите од Манчестер - „Оејзис“ (Oasis), „Би-џис“ (Bee Gees), велшката група „Стереофоникс“ (Stereophonics), „Јујритмикс“ (Eurythmics) и на 10. место - „Ролинг стоунс“ (Rolling Stones).

Листата е составена врз основа на податоците за лиценците на „ППЛ“ за дозволена употреба на снимена музика на радио, ТВ и на јавни места - продавници, барови, пабови, ресторани, спортски сали, канцеларии.  си/рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан