• четврток, 21 ноември 2024

По четири децении ќе се реновира Специјализираната болница во Отешево, најави Филипче

По четири децении ќе се реновира Специјализираната болница во Отешево, најави Филипче
Скопје, 12 септември 2020 (МИА) - Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави реконструкција на три павиљони на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања во Отешево. Тој појасни дека оваа болница е единствена од ваков вид во државата, токму заради спецификите на регионот кои придонесуваат во третманот на пациентите кои имаат хронични респираторни и алергиски проблеми. -По четири децении оваа установа добива поддршка за реновирање и наскоро ќе започне процесот на обнова, рече министерот Филипче кој денеска ја посети болницата по повод 40 години од нејзино отворање. Како што соопштија од Министерството за здравство, на годишно ниво во болницата се лекуваат околу 1.000 болнички пациенти, 1.300 амбулантски пациенти и стотина пациенти во дневната болница. -Трите павиљони кои се планирани за обнова располагаат со капацитет од 72 болнички кревети, оддел за интерна медицина и оддел за физикална медицина. Работат двајца доктори по физикална медицина и рехабилитација, пулмо-алерголози, доктори по интерна медицина, како и по еден доктор на специјализација по интерна медицина и доктор на медицина, посочија од Министерството. Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања е сместена на западниот брег на Преспанското Езеро и лекува пациенти со хроничен опструктивен бронхит, белодробен емфизем, бронхијална астма, фибрози, како и постоперативни состојби на бели дробови со намалена белодробна функција. бт/дма/

Остани поврзан