• петок, 22 ноември 2024

По трет пат ТРЧАЈ БЕ во Битола

По трет пат ТРЧАЈ БЕ во Битола
Битола, 5 септември 2021 (МИА) - Битола е подготвена за најголемиот спортски настан кој ја очекува на 12-ти септември, а тоа е третото издание на трката Трчај бе. Оваа трка за толку кратка историја од само три години, добива меѓународно значење. Битола е домаќин на Балканско првенство во полумаратон. Тоа значи врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето ќе трчаат на патеката долга 21 километар. - Ќе биде и големо и масовно издание. Освен 5К и 10К трките, за прв пат ќе имаме и полумаратон, 21К кој ќе биде всушност Балканско првенство во полумаратон, кое го организираме во соработка со АФМ. Довербата која ни е дадена за организација  е голем комплимент за нас. Од тие причини ја очекуваме цела македонска и балканска тркачка елита, но и голем број рекреативци, истакна Никола Димитровски, директор на трката. Битола веќе неколку месеци интензивно се подготвува да ги дочека учесниците и гостите од 20-тина држави, кои во градот под Пелистер по трет пат ќе направат празник на трчањето. Се подготвува  и придружна програма, која ќе направи вистински спортско-забавен хепенинг во градот. Во градот нема веќе слободно хотелско сместување, заради големиот број на гости и натпреварувачи, но и препознавањето на овој настан како компаниска тим билдинг активност, така што бројни компании со своите вработени одамна го испланирале овој викенд за Битола. - Во Трчај бе, бројни спонзори препознаа проект кој е интересен за нивна презентација и таа поддршка е значајна за да се изведе квалитетно овој голем и масовен настан. Убаво е кога гледате како компаниите и граѓаните се свесни што ова носи за градот и како настан, но и како концепт кој носи профит во многу придружни сектори, освен туризмот, додава Димитровски. Оваа година,  во кампањата за трката беа вклучени и 15 студенти од тренинг-програмата за графички дизајн на Monday Learning кои одговорија на предизвикот да го визуелизираат победоносното „јас“ на овогодинешното издание на ТРЧАЈ БЕ. Така, во градот осамнаа бројни постери инспирирани од кампањата „И ти си победник“. ац/

Остани поврзан