• вторник, 19 ноември 2024

По пукањето во „Ист гејт мол“, едно лице во критична состојба, друго пренесено на Клиниката за торакална хирургија

По пукањето во „Ист гејт мол“, едно лице во критична состојба, друго пренесено на Клиниката за торакална хирургија

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - По денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.

- Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани, појасни Арсенков.

Министерството за внатрешни работи потврди дека имало пукање во овој скопски трговски центар, екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот. бд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан