• вторник, 09 декември 2025

По Лондон, Зеленски патува во Брисел и Рим на разговори за американскиот мировен план за војната во Украина

По Лондон, Зеленски патува во Брисел и Рим на разговори за американскиот мировен план за војната во Украина

Лондон, 8 декември 2025 (МИА) - По состаноците со европските функционери во Лондон, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе отпатува во Брисел, а потоа во Рим, каде што утре ќе се сретне со италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Зеленски денеска во Лондон се сретна со британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, со кои разговара за американскиот план за ставање крај на војната во Украина.

По состанокот во Лондон, тој ќе отпатува за Брисел, каде што подоцна денеска ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и генералниот секретар на НАТО Марк Руте. ссм/

фото: архива

Остани поврзан