• четврток, 21 ноември 2024

По двегодишна пауза се враќа триатлонот „Стопанска Триоги“

По двегодишна пауза се враќа триатлонот „Стопанска Триоги“
Скопје, 19 април 2022 (МИА) – Во организација на клубот Триоги Рејсинг и Стопанска банка АД – Скопје, на 14 мај ќе се одржи „ Stopanska Triogy Triathlon 2022“. Ова е втор ваков натпревар, откако првиот беше во 2019 година, а потоа поради ковид-ограничувањата две години не се одржа. Организаторите за годинава очекуваат преку 200 натпреварувачи, а покрај македонските, потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија и од Црна Гора. Пријавувањето за Stopanska Triogy Triatlon е до 7 мај. Натпреварувачи кои ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција и тоа: - Деца 1, родени 2013 г. и помали - Деца 2, родени од 2012 г. до 2010 г. - Кадети, родени од 2009 г. до 2007 г. - Јуниори, родени од 2006 г. до 2003 г. - Елитна група, родени пред 2002 г.(кои ќе се борат за титулата Државен првак на Македонија) - Мастерс група или ентузијасти родени после 2002 г. Триатлон натпреварот ќе се одржи на следните локации: во делот од пливањето на базенот СРЦ „Борис Трајковски“, во делот на велосипедизмот – долж булеварот Илинден од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон „Скопје Сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“. зс/

Остани поврзан