• петок, 22 ноември 2024

Почнува 18. Меѓународна младинска конференција - „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа”

Почнува 18. Меѓународна младинска конференција - „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа”
Скопје, 5 ноември 2020 (МИА) - Почнува 18. Меѓународна младинска конференција, „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа”, во Europe House која ќе трае од 5 ноември до 10 ноември, а ќе учествуваат 80 млади луѓе од 16 земји од Југоисточна Европа. Настанот ќе се одвива дигитално а ќе може да биде проследен во живо на следниот линк. Конференцијата денеска ќе започне со официјално отварање во 10 часот на кое ќе се обратат:  Методија Стојчески, координатор на Меѓународната младинска конференција и извршен директор на Младински сојуз, Анке Гизела Холштајн, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија  Давид Гир, Амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија и  Ева Елерејт, директор на канцеларијата на ФЕС во Република Северна Македонија. Во 11 часот започнува првата пленарна сесија на конференцијата на тема “Солидарност во криза: Човекот над КОВИД-19” на која свое обраќање ќе имаат: министерот за здравство, Венко Филипче, проф. др. Ненад Марковиќ, од Правниот факултет  „Јустинијан Први“ Скопје,  Ерван Берџонеу, истражувач за “Rare Barometer Programme”, Џејсон Нарди од „Ripess Europe“. Оваа сесија може да се проследи на следниот линк. Втората пленарна сесија на тема „Пролиферација наспроти креирање вистина“ ќе започне во 16:30 часот, а свое обраќање ќе имаат: претседателот на Словенија, Борут Пахор, новинарот Огнен Јаневски и Џиани Рота од Луис Дата Лаб,  а може да се проследни на следниот линк. ки/ац/    

Остани поврзан