• вторник, 12 ноември 2024

Почнува првото судење за воено злосторство на руски војник во Киев

Почнува првото судење за воено злосторство на руски војник во Киев
Киев, 18 мај 2022 (МИА) - Почнува првото судење за воено злосторство на руски војник во Киев, а проруски сепаратисти најавуваат дека судот ќе одлучува за судбината на украински бранители од челичарницата Азовстал, јави Би-би-си. Вадим Шишимарин, кој има 21 година, е обвинет за убиство на невооружен цивил во првите денови од руската инвазија на Украина. Шишимарин може да добие доживотен затвор. Според обвинители, Шишимарин бил во украдено возило со други војници во североисточниот регион Суми, кога наишле на 62-годишен велосипедист, кој држел мобилен телефон. Наводно, на Шишимарин му било наредено да пука во цивилот, со цел да го спречи да ја открие нивната локација на украинските бранители. - Со ова прво судење, праќаме јасен сигнал дека секој извршител, секое лице што наредило или помогнало во вршење на злосторство во Украина, нема да избегне одговорност, изјави главната обвинителка Ирина Венедиктова. Кремљ тврди дека нема информации за судење на руски војник и го обвинува Киев за измислување обвиненија. Украина информираше за идентификувани илјадници потенцијални воени злосторства што ги извршила Русија. Москва негира дека цели на цивили.бд/

Остани поврзан