Почнува ,,Малински фото фестивал" во Куманово и Штип
- Почнува десеттото издание на „Малински фото фестивал" кој почнува вечерва и ќе се одржи на различни локации во Куманово и Штип, соопштија денеска организаторите од Фото клуб Куманово. Фестивалот, ќе се одржи од 30 мај до 1 јуни, годинава и претставува тридневна програма исполнета со изложби, фото проекции и креативни дружења.
Куманово, 30 мај 2025 (МИА) - Почнува десеттото издание на „Малински фото фестивал" кој почнува вечерва и ќе се одржи на различни локации во Куманово и Штип, соопштија денеска организаторите од Фото клуб Куманово. Фестивалот, ќе се одржи од 30 мај до 1 јуни, годинава и претставува тридневна програма исполнета со изложби, фото проекции и креативни дружења.
Програмата започнува вечерва со почеток во 19 часот во Занаетчиски дом со клупска изложба и проекции на автори од земјава у странство.
Утре ќе се одржи Фото сафари, изложба и меѓуклупска, самостојна изложба во НУЦК „Трајко Прокопиев" , во Уметничката Галерија и во просториите на Фото клубот. На 1 јуни, фестивалот ќе се одржи во Штип, каде се предвидени фото сафари и изложби во библиотеката.
-Фестивалот е замислен како простор за инспирација, размена на искуства и поврзување помеѓу фотографи од различни земји, велат организаторите.
Целата програма е отворена и бесплатна за јавноста, а сите љубители на фотографијата се добредојдени. ам/сст/
Фото Плакат