• понеделник, 01 јули 2024

Почна редовната пролетна дератизација во Карпош

Почна редовната пролетна дератизација во Карпош
Скопје, 6 април 2020 (МИА) - Општина Карпош започна со редовната, пролетна дератизација на канализациските шахти во сите 14 урбани заедници, информираат од општината. Оттаму појаснуваат дека станува збор за активност, која се спроведува двапати во текот на годината (на пролет и есен), а има за цел да ги уништи штетните глодачи (глувци) и инсекти. - Дератизацијата се врши со помош на специјални хемиски средства и примарната цел е да се спречи ширењето на заразни болести, велат од Општината. Оваа активност започна од урбаната заедница Карпош 3, а ќе се спроведе и во сите други населби. ир/сп/

Остани поврзан