• понеделник, 23 декември 2024

Почна аплицирањето за финансиска поддршка од 3.000 денари за првачиња од Општина Крива Паланка

Почна аплицирањето за финансиска поддршка од 3.000 денари за првачиња од Општина Крива Паланка

Крива Паланка, 20 јули 2022 (МИА) - Општина Крива Паланка од оваа учебна година воведува финансиска стимулативна мерка за секое семејство кое има прваче во учебната 2022/2023 годинаеднократен додаток од 3000 денари.

Помошта ќе се доделува врз основа на поднесено барање до Општина Крива Паланка, од страна на член на семејството на ученикот.

Апликациите се поднесуваат електронски преку веб-страната или мобилната апликација на м-Заедница или писмено, преку поднесување на барање до архивата на општината.

-Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2022/2023 година на подрачјето на Општина Крива Паланка може да се преземе од следниот линк:  https://www.krivapalanka.gov.mk/.../baranje-prvace-2022.pdf ид/мд/

Остани поврзан