Почнаа јавните собири за креирање на буџетот за идната година на Општина Струмица
- Во населените места во Општина Струмица во тек се јавни собири со граѓаните. Преку овие собири граѓаните и оваа година имаат можност директно да учествуваат во креирањето на буџетот за следната година со свои предлози.

Струмица, 28 октомври 2024 (МИА) - Во населените места во Општина Струмица во тек се јавни собири со граѓаните. Преку овие собири граѓаните и оваа година имаат можност директно да учествуваат во креирањето на буџетот за следната година со свои предлози.
Проекти за финансирање од буџетот пред претставници на Општината ќе предлагаат и граѓаните од осумте урбани заедници во градот и од месните заедници во населените места.
Средби со граѓаните досега се одржаа во Вељуса, Водоча, Баница, Сачево, Дабиле и Градско Балдовци, а вечер во Муртино, Банско и Габрово.
Инаку, средбите со граѓаните се одржуваат на иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов и ќе траат до 1 ноември. рт/цр
Фото: Општина Струмица