• недела, 24 ноември 2024

Почина ѕвездата на „Тарзан“ од 60-тите, Рон Или

Почина ѕвездата на „Тарзан“ од 60-тите, Рон Или

Лос Анџелес, 23 октомври 2024 (МИА) - Американскиот глумец Рон Или, можеби најпознат по улогата на Тарзан во истоимената телевизиска серија од 1960-тите, почина на 86-годишна возраст, соопшти денеска неговото семејство. Актерот починал во својот дом во Санта Барбара, Калифорнија, САД, на 29 септември, а веста е објавена сега.

„Светот изгуби еден од најголемите луѓе што некогаш ги познавал - а, јас го загубив татко ми. Мојот татко беше некој што луѓето го нарекуваа херој. Тој беше глумец, писател, тренер, ментор, семеен човек и водач“, напиша неговата ќерка Кирстен Казале Ели на Инстаграм.

Рон Или е роден во Тексас во 1938 година. Познат е и по тоа што беше домаќин на „Мис Америка“ во раните 1980-ти.

ТВ-Серијата „Тарзан“ првично се емитуваше од 1966 до 1968 година. Се помни, меѓу другото, и по специфичниот „крик на Тарзан“, произведен со тогашните специјални звучни ефекти. Се говореше и оти Или неколкупати скршил коска при снимањето, како и дека бил нападнат од животни. Откако се повлече од глумата во 2001., стана писател и издаде два романи од жанрот мистерија.  си/сд/

Фото: Википедија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан