• петок, 22 ноември 2024

Почина највисокиот човек во САД

Почина највисокиот човек во САД
Вашингтон, 24 август 2021 (МИА) - Највисокиот човек во САД, Игор Вовковински почина од срцева аномалија на 38 година, објави неговата мајка на Фејсбук.
Американецот Вовковински со украинско потекло беше висок 2,35 метри, а почина на 20 август во американската сојузна држава Минесота.
Тој имаше тумор кој предизвика претерано лачење на хормонот на раст.
  Вовковински на 27 години влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисок човек во САД. Според Гинисовата книга највисок човек во светот е Турчинот, Султан Кесен (2,51 метри). Највисок човек во современата историја е Американецот, Роберт Вадлоу со висина од 2,72 метри. Тој исто така страдаше од абнормално лачење на хормонот на раст. Почина во 1940 година на 22 години. ми/

Остани поврзан