• петок, 22 ноември 2024

Потпишан меморандум меѓу општина Македонски Брод и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Потпишан меморандум меѓу општина Македонски Брод и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот
Кичево, 17 март 2022 (МИА) - Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и општина Македонски Брод потпишаа меморандум за соработка, со кој се заложија за поголема кооперативност на полето на туризмот. Меморандумот го потпишаа директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски и градоначалникот  Жарко Ристески. Меморандумот опфаќа бројни заеднички активности во поглед на дефинирање на видовите на туризам кои имаат потенцијал за развој на територијата на општина Македонски Брод, нови туристички форми, изработка на промотивен материјал, градење на кацитети за аплицирање и искористување на средствата од меѓународни проекти и подигање на квалитетот на човечки ресурси во соработка со АППТ. - Развојот на нашата општина го гледаме во напредокот на туризмот преку соодветно валоризирање на потенцијалите и градење на капацитетите во функција на туризмот, за што од особено значење ни е искуството на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, рече градоначалникот Ристески.  за/мс/

Остани поврзан