Потпишан меморандум за соработна меѓу Општина Битола и Фондација „Конрад Аденауер“
- Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и директорот на програмата за владеење на правото во југоисточна Европа Павел Усватов од Фондацијата „Конрад Аденауер“ со канцеларија во Скопје потпишаа меморандум за соработка.
Битола, 7 април 2026 (МИА)
Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и директорот на програмата за владеење на правото во југоисточна Европа Павел Усватов од Фондацијата „Конрад Аденауер“ со канцеларија во Скопје потпишаа меморандум за соработка.
Во рамки на соработката ќе се реализира проект чија цел е мобилизирање на малите и средни претпријатија како лидери против корупцијата, односно бизнис со интегритет.
Активностите се во насока на подигнување на свеста и информирање за борба против корупцијата, деловниот интегритет, рамките за усогласеност и практични алатки прилагодени за мали и средни претпријатија, обуки, работилници и менторства за градење капацитети и на јавните претпријатија и одделенијата од општината, соопштија од тамошната локална самоуправа.
Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Битола потпиша меморандум за соработка и со Регионалната стопанска комора со седиште во овој град.мт/лв/
Фото: Општина Битола