• недела, 19 мај 2024

Потер: По пораз на домашен терен, нормално е да бидеме критикувани

Потер: По пораз на домашен терен, нормално е да бидеме критикувани

Лондон, 18 февруари 2023 (МИА) - Тренерот на Челзи, Греам Потер, реагираше на критиките по денешниот пораз во натпреварот од 24. коло на шампионатот на Англија од Саутемптон (0:1).

- По натпреварот од Лигата на шампионите, моравме да направиме некои промени. Саутемптон имаше јасен план за овој натпревар. Тие одиграа добро, но нашата игра не беше онаква каква што сакавме, а јас ја преземам истата одговорност како и сите други. По поразот на домашен терен разбирлива е секоја критика. Кога резултатите не доаѓаат, тешко е. Не сум толку арогантен да кажам дека мислењето на навивачите не треба да се сфаќа сериозно. Мојата работа е да му помогнам на тимот. Вистината е дека направивме чекор назад во нашата игра. Многумина ќе речат дека проблемот е во мене, а јас нема да кажам дека такво мислење не вреди да се изрази. Мојата работа е да работам, ги цитира зборовите на тренерот на „Фудбал Лондон“.

Челзи со 31 бод од 23 натпревари е на 10.место на табелата во Премиер лигата, додека Саутемптон е последен со 18 бодови исто така од 23 натпревари. зс/

Остани поврзан