• понеделник, 23 декември 2024

Постигнат напредок во спорот околу етиопската брана на Синиот Нил

Постигнат напредок во спорот околу етиопската брана на Синиот Нил
Каиро, 27 јуни 2020 (МИА) - Лидерите на Судан, Етиопија и Египет постигнаа договор Етиопија да не започне со пополнување на браната на Синиот Нил, освен ако не се постигне договор во рок од две недели. Ова го соопштија Египет и Судан, додека Етиопија, чии планови да се изгради огромна брана на Синиот Нил предизвикаа тензии во регионот, само потврди дека биле одржани „плодни разговори“, со помош на Африканската унија. „Браната на Синиот Нил, извор на најголем дел на водата од Нил, им дава можност на сите засегнати страни за невиден економски раст и развој“, се вели во соопштението на етиопското Министерство за надворешни работи. Кабинетот на египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси соопшти дека Етиопија нема да започне да ја пополнува браната, додека суданскиот премиер Абдал Хамдок рече дека лидерите се согласиле да ги продолжат разговорите што беа прекинати минатата недела. Завршувањето на изградбата на Големата етиопска брана, кое со години беше предмет на спорови со Египет, е планирано за 2022 година. Етиопија се надева дека во текот на јули и август ќе запре 4,9 милијарди кубни метри вода, што би било доволно за вклучување две турбини до средината на 2021 година. Египет со децении стравува дека полињата долж Нил може да бидат уништени од суша и дека бунарите може да пресушат. Судан ги има истите грижи, но гледа предности, како што е евтината струја за развојни проекти и намалување на ризикот од поплави. паг/    

Остани поврзан