• петок, 05 декември 2025

Постекоглу: Третата сезона е секогаш подобра од втората

Постекоглу: Третата сезона е секогаш подобра од втората

Лондон, 24 мај 2025 (МИА) – Тренерот Тотенхем, Анже Постекоглу, за време на шампионската парада по освојувањето на Лигата на Европа, вети дека следната сезона ќе биде подобра.

-Во сите најдобри ТВ серии, третата сезона е секогаш подобра од втората! - рече Постекоглу во својата порака до навивачите.

Минатата година, тој им вети на навивачите: „Секогаш освојувам нешто во мојата втора сезона со тимот“.

Тотенхем со освојувањето на трофејот во втото по квалитет фудбалско натпреварување во Европа, си обезбеди учество во елитаната Лига на шампиони за сезоната 2025/26. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан