• понеделник, 23 декември 2024

Поставено зрно грав како уметничка инсталација во знак на традицијата на „Денот на гравот“ во Теарце

Поставено зрно грав како уметничка инсталација во знак на традицијата на „Денот на гравот“ во Теарце

Тетово, 5 декември 2020 (МИА) - Зрно грав како уметничка инсталација е поставена во тетовско Теарце од страна на Центар за едукација и развој“ (ЦЕД) организатори на традиционалната манифестација „Денот на гравот“. Годинава поради пандемијата манифестацијата не се одржа, па оваа активност е во насока на одржувањето на традицијата.

- По 10 години имплементација на традиционалната манифестација „Ден на гравот”, ЦЕД со поддршка на стратешкиот партнер Центар за современи уметности (ЦСУ) во знак на почит и одржување во живот на оваа традиција и почитувајќи ги мерките за Ковид-19  на јавен простор, постави уметничка инсталација на зрнце на „Тетовско Гравче“, изработена од идеаторот Љубиша Камењаров. Настанот започна како идеја и иницијатива на клучните луѓе на ЦЕД и ЦСУ Скопје, и има за цел да ги зачува заедничките вредности и да ги промовира културните активности во регионот, инфомираат од ЦЕД.

Во септември 2019 се одржа јубилејно 10-то издание на манифестацијата „Денот на гравот“ во тетовско Теарце. Оваа манифестација има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разлноликост на подрачјето. ас/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан