• недела, 22 декември 2024

Последниот „Форд Мондео“ ќе биде изработен в година

Последниот „Форд Мондео“ ќе биде изработен в година
Валенсија, 26 март 2021 (МИА) - Европската подружница на „Форд“ одлучи, по 29 години, „да го пензионира“ својот „Форд Мондео“. Тоа значи дека идната година ќе заврши неговото производство. Автомобилот-наследник на „Сиера“ премиерно беше претставен 1993 година, а по четири генерации и околу пет милиони примероци, „Мондео“ заминува во историјата. Причината е тоа што европскиот огранок на „Форд“ заклучи дека се смениле навиките на купувачите (кои сега претпочитаат теренци). Актуелното издание на Мондео, кое се нуди во две верзии на каросеријата, се произведува во фабриката на „Форд“ во Валенсија, Шпанија, а последните примероци од производните линии ќе излезат во март следната година. Не е планиран директен наследник, а алтернативата за „Мондео“ треба да биде кросовер во „пакет“ со караван, чија премиера е планирана за втората половина на година.  си/сд/

Остани поврзан