• петок, 05 декември 2025

Посебен сообраќаен режим во Куманово поради Европските младински игри

Посебен сообраќаен режим во Куманово поради Европските младински игри

Куманово, 21 јули 2025 (МИА) - Поради одржување на Европските младински игри во Куманово, на неколку делници, меѓу кои и региналниот пат кој води до граничниот премин Пелице ќе биде воведен посебен сообраќаен режим наредните денови, соопшти денеска СВР Куманово.

Секторот за внатрешни работи Куманово ги информира граѓаните на подрачјето на Општина Старо Нагоричане е воведен посебен сообраќаен режим денеска до 14.00 часот, утре (22.07.2025) од 08.00 до 16.00 часот, среда (23.07.2025) од 09.00 до 14.00 часот и четврток (24.07.2025) од 09.00 до 14.00 часот. На подрачјето во село Доброшане, кумановско ќе биде воведен посебен сообраќаен режим  во вторник (22.07.2025) и среда (23.07.2025) од 08.00 до 17.00 часот, а во Куманово, на дел од булеварите „Трета македонска ударна бригада“ и „Октомвриска револуција“ сообраќајот ќе биде запрен во четврток (24.07.2025) од 05.00 до 14.00 часот. 

Од СВР Куманово апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот.

Од Спортскиот комплекс - градски базени информираат дека отворениот градски базен нема да работи поради одржување на Европски младински олимписки игри до  27 јули годинава. Базенот ќе биде отворен за посетители од 28 јули. ам/дма/


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан