• среда, 26 март 2025

Посебен сообраќаен режим вечер во центарот на Скопје поради протестен марш

Посебен сообраќаен режим вечер во центарот на Скопје поради протестен марш

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - СВР Скопје ги известува граѓаните дека вечер од 19 часот ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот во центарот на Скопје поради одржување протестен марш.

-Протестниот марш ќе почне на Плоштад „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон Собрание на РСМ на ул. „11 Октомври“, потоа по ул. „Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“, информира Секторот за внатрешни работи Скопје. 

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан