• петок, 22 ноември 2024

Португалија ѝ испорача на Украина шест руски противпожарни хеликоптери

Португалија ѝ испорача на Украина шест руски противпожарни хеликоптери

Лисабон, 8 септември 2024 (МИА) - Португалија ѝ испорача на Украина шест противпожарни хеликоптери Ка-32, руско производство, а последната пратка беше испратена во петокот, пренесуваат денеска португалските медиуми, повикувајќи се на соопштение од Министерството за одбрана.

Во октомври 2022 година, тогашната министерка за одбрана, Хелена Кареирас, вети дека ќе испрати шест руски противпожарни хеликоптери во Украина, кои не беа дозволени за употреба во Португалија, при што еден од нив беше целосно надвор од функција поради несреќа.

Португалија ги купи овие хеликоптери во 2006 година. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан