• петок, 05 јули 2024

Португалецот Рибеиро нов ракометар на Металург

Португалецот Рибеиро нов ракометар на Металург
Скопје, 21 јули 2021 (МИА) – Македонскиот ракометен прволигаш Металург продолжи со екипирањето на својот состав за новата сезона, потпишувајќи денеска двегодишен договор со португалското лево крило Улисис Рибеиро. Триесетгодишниот Рибеиро дојде во Металург од редовите на холандскиот прволигаш Хари Ап, а претходно во кариерата настапуваше и за португалските екипи Сао Бернардо и Мадеира Рибеиро е замената за Милан Поповиќ, кој по завршувањето на договорот со Металург замина во романското првенство. ег/оџ

Остани поврзан