• недела, 22 декември 2024

Портрет на поетот Бранислав Матиќ во СПОНА

Портрет на поетот  Бранислав Матиќ во СПОНА

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Во рамките на своите активности за мај, Српскиот културно информативен центар СПОНА денеска и утре, во своите простории во Скопје и во Куманово со почеток во 19 часот, ќе го претстави Бранислав Матиќ, познат поет и издавач од Белград.

За делото на Матиќ ќе зборуваат Јован Пејчиќ и Милутин Станчиќ, програмски уредник во СПОНА.

Бранислав Матиќ, роден во Лозница, Србија, 1965 година, е поет, уредник, издавач. Неговата поезија, есеи и погледи се објавувани во низа на угледни списанија. Вклучен е во првата антологија на српскот сатиричен афоризам (“Историја апокалипсе”, 1987). Уредник е на повеќе списанија, издавачки куќи и магазини. Има спремено и уредено голем број на книги, од областа на книжевноста, уметноста, сакралната традиција, филозофија, историја и култура.

Ги има објавено следниве книги: “Хиперборејски летопис” (2015), “Острво” (2020), “Благослови” (2022), Гополитичке монографије: “Србија. Геополитички албум” (2011), “Србија под капом небеском” (2017), “Београд, изнад Истока и Запада” (2023). Есеи и записи: “Благо Косова и Метохије” (2009), “Чувени странци о Србији” (2009), “Велики српски визионари” (2009), “Мали српски мисленик” (2010)…

Преведуван е на англиски, руски, италијански, шпански, француски, германски, кинески и други светски јазици.

 Живее и работи во Белград. вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан