• четврток, 14 ноември 2024

Порошенко: Зеленски ме гони судски поради одмазда

Порошенко: Зеленски ме гони судски поради одмазда
Киев, 5 јули 2020 (МИА) - Поранешниот украински претседател Петро Порошенко го обвини денеска својот наследник Володимир Зеленски дека „го гони судски поради одмазда“. Порошенко минатата недела пристигна на судско рочиште во Киев во придружба на неколку илјади приврзаници. Тој се соочува со 20 различни истраги под, како што тврди, „политички мотивирани обвиненија“. Порошенко во изјава за Би Би Си вели дека неговиот пораз на изборите минатата година довел до тоа на клучни места во Владата да се вратат проруски фигури. Поранешниот шеф на државата додаде дека се потврдиле како вистинити паролите од неговата предизборна кампања дека гласот даден за Зеленски е всушност глас за рускиот претседател Владимир Путин. Порошенко истакна дека Зеленски не е „човек на Путин“, но нема искуство и сега во неговиот тим има личности кои се наклонети кон Русија. Реагирајќи на изјавата на Порошенко, Зеленски нагласи дека „секој политичар има право на мислење кое им го упатува на своите гласачи“. гт/

Остани поврзан