• петок, 22 ноември 2024

Пораст на физичкото насилство врз жените во Туркменистан

Пораст на физичкото насилство врз жените во Туркменистан

Ашхабат, 12 септември 2022 (МИА) - Поранешната советска република Туркменистан неодамна им забрани на жените да користат козметика, маникир, бојадисување на косата, носење тесна облека и фармерки, како и возење и седење на предно седиште во автомобил, објави радио „Азатлик“.

Правата на жените во Туркменистан го привлекоа вниманието на здруженијата за човековите права и феминистичките организации последниве години. Според Обединетите нации, 12 отсто од анкетирани Туркменки доживеале физичко или сексуално насилство во семејството. Според активистите за човекови права, проблемот со семејното насилство во Туркменистан се влошува со ограничувањата на правата на жените во општеството, особено од властите. Ашхабат забрани и абортус, а овие строги мерки против жените во земјата се засилија откако Сердар Бердимухамедов го наследи својот татко на функцијата претседател на земјата. Натаму, десетици стјуардеси и други работнички останаа без работа во април поради липосукција и други козметички зафати. Туркменските авиокомпании, на пр., отпуштија околу 20 свои вработени поради ботокс во усните. Некои од отпуштените, наводно, веќе немаат право на други работни места. Според очевидци во Ашхабат и други туркменски градови, во акции во канцеларии и на јавни места, полицијата приведувала жени со вештачки трепки и нокти и ги носела во полициски станици. Ним им било наложено да ги отстранат „додатоците“, како и да платат казна од околу 140 долари - колку половина од просечната плата во Туркменистан. Полицајци, според наводите, запираат жени на улица и во јавниот превоз и за да проверат дали имаат зголемени усни.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан