• сабота, 21 декември 2024

Поранешниот претседател на Јувентус, Ањели, суспендиран на 16 месеци

Поранешниот претседател на Јувентус, Ањели, суспендиран на 16 месеци

Рим, 10 јули 2023 (МИА) – Италијанскиот фудбалски суд го суспендираше денеска поранешниот челник на Јувентус, Андреа Ањели, на 16 месеци поради неправилности при исплата на плати на играчите.

Ањели, како што објави Фудбалската федерација на Италија, е казнет и со 60 илјади евра.

Случајот датира од почетокот на пандемијата на коронавирусот кога Јувентус објави дека играчите се согласиле на големо намалување на платите во период од четири месеци со цел клубот да може да се справи со финансиските проблеми. Меѓутоа, Јувентус, продолжил тајно да ги плаќа играчите кои, наводно, се одрекле од само една месечна плата.

Клубот и другите поранешни директори, со исклучок на Ањели, вмешани во овој случај во мај годинава се спогодија со спортските обвинители за парична казна во износ од 718 илјади евра.

Ањели, кој стои зад неуспешниот проект Суперлига, се повлече од местото директор на Јувентус на крајот од минатата година, заедно со другите членови на Управниот одбор. ег/мс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан