• петок, 05 декември 2025

Поранешниот пратеник Ѓоко Камчев од Валандово е избран за директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

Поранешниот пратеник Ѓоко Камчев од Валандово е избран за директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Струмица, 7 октомври 2022 (МИА) - Поранешниот пратеник од ВМРО - ДППМЕ, Ѓоко Камчев е избран за директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Оваа одлука е донесена едногласно од страна на присутните осум градоначалници од регионот на вчерашната седница што се одржала во Гевгелија, откако на распишаниот конкурс за директорката функција се пријавил само Камчев. Тој е дипломиран политиколог, а пратеник од редовите на ВМРО - ДПМНЕ во Собранието беше во периодот од 2014 до 2016 година , како и во 2019 година кога по одземањето на пратеничкиот мандат на Никола Груевски како следен на листата повторно стана пратеник. Камчев своевремо ја извршуваше и функцијата претседател на Советот на Општина Валандово. Новиот директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е избран на местото на долгогодишната директорка, Жулиета Ѓуркова, која во јуни беше разрешена од страна на Советот на градоначалници на Југоистокот, кој го сочинуваат 4 градоначалници од СДСМ и 6 од ВМРО ДПМНЕ. рт/дма/

Остани поврзан