• среда, 27 ноември 2024

Поранешен кошаркар на Црвена звезда почина за време на тренинг

Поранешен кошаркар на Црвена звезда почина за време на тренинг
Белград, 7 август 2020 (МИА) - Трагични вести дојдоа од Србија. Нигерискиот центар Мајкл Оџо почина порано денес, откако доживеал срцев удар за време на тренингсо српскиот кошаркарски тим Партизан. Според извори на „Еврохопс“, 27-годишниот кошаркар имал индивидуална тренинг сесија со „гробарите“, но во еден момент паднал додека трчал. Поранешниот играч на „црвено-белите“ бил веднаш однесен во болница, но не покажувал знаци на живот и лекарите не биле во можност да му помогнат. Оџо, кој исто така имаше американско државјанство, беше студент на државниот универзитет во Флорида од 2012 до 2017 година, а професионалната кариера ја започна во ФМП (Белград). Потоа помина две сезони со „ѕвездашите“ каде ја освои Јадранската лига и титулата во српскиот шампионат за сезоната 18/19.

Остани поврзан