Пораз на одбојкарките на Јанта Волеј
- Одбојкарките на македонскиот шампион Јанта Волеј КВ вечерва го загубија првиот натпревар од 3.коло од квалификациите од Лигата на шампионите
Скопје, 4.ноември 2025 (МИА) – Одбојкарките на македонскиот шампион Јанта Волеј КВ вечерва го загубија првиот натпревар од 3.коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Победа од 3:1 во Скопје оствари францускиот тим Валеро Ле Кане. Резултат по сетови: 15:25; 10:25; 25:20 и 9:25.
Разликата во квалитет беше евидентна и француската екипа успеа да ги добие двата сета за водство од 2:0. Сепак македонскиот шампион успеа да освои еден сет откако го добија третиот со 25:20 и со тоа намали на 1:2. Сепак противникот ги консолидираше своите редови и го доби сетот со 25:9 за конечни 3:1 во сетови.
Реваншот се игра на 13.ноември во Франција. мн/
Фото: Фејсбук Јанта Волеј