• четврток, 21 ноември 2024

Поради штрајкот на лекарите во Британија, загрозени се пациентите на онкологија

Поради штрајкот на лекарите во Британија, загрозени се пациентите на онкологија

Лондон, 6 јануари 2023 (МИА) - Илјадници болни од рак ќе останат без соодветен третман доколку министрите и помладите лекари во Обединетото Кралство итно не постигнат договор за платите, предупредија здравствените власти.

Во Велика Британија од вторникот е на сила шестдневен штрајк на лекарите, последен во низата откако пред околу 13 месеци, во декември 2022 година, медицинските работници го изведоа првиот штрајк со барање за повисоки плати, како резултат од кои на десетици илјади пациенти им се откажани прегледите и терапии и операциите.

-Ги повикуваме министрите и лекарите да се здружат и да го решат овој штрајк што е можно поскоро. Откажувањето на консултации, процедури и терапии е фрустрирачко и стресно за сите пациенти, но за оние со тешка форма на рак, влијанието може да биде поразително, рече Ен Џевел, претседателка на групите на Работната група за преживеани од тешки форми на рак.

Пациентите на кои им е дијагностициран тип на рак со ниска стапка на преживување, како што се тумори на белите дробови, црниот дроб, мозокот, хранопроводникот, панкреасот и желудникот, биле особено изложени на ризик од нарушувањето предизвикано од штрајковите, рекоа водачите на различни здруженија за рак, додавајќи дека секое дополнително одложување, тие пациенти, ги намалуваат шансите за закрепнување.

До септември минатата година околу 36 илјади термини за пациенти со рак биле одложени поради штрајковите на лекарите од декември 2022 година, кога медицинските работници првпат штрајкуваа, барајќи повисоки плати поради зголемувањето трошоци на животот.

Медицинските сестри, екипите на брзата помош и високите лекари претходно постигнаа договор со владата, но младите лекари се уште штрајкуваат. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан