• сабота, 16 ноември 2024

Поради торта со марихуана, семејство од Фиренца заврши в болница

Поради торта со марихуана, семејство од Фиренца заврши в болница
Фиренца, 4 јануари 2021 (МИА) - Една Италијанка на семејството на своја другарка, за новоогодишниот дочек, им подарила торта со марихуана, поради што тие завршиле в болница. Тоа се случило во Фиренца. Целта била шега, но сѐ лошо се завршило. Имено, брачната двојка и нивната ќерка завршија во болница, интервенирале и карабињерите... Девојката призна дека користела марихуана којашто легално ја купила и ја додала во тортата - „поради шега“. Откако карабинерите извршиле претрес во куќата на „готвачот“, пронајдени се 5 грама од дрогата. Девојката ќе биде обвинета за нелегално поседување дрога. А, се соочува и со можна приватна тужба од семејството, на кои им ја понудила тортата, за загрозување на нивното здравје. си/

Остани поврзан