• понеделник, 23 декември 2024

Поради кризата со тоалет-хартија, австралиско списание објави неколку бели страници

Поради кризата со тоалет-хартија, австралиско списание објави неколку бели страници
Мелбурн, 5 март 2020 (МИА) - Австралискиот таблоид „Дарвин“ денеска се пошегува на сметка на паниката предизвикана од ширењето на новиот коронавирус и разграбувањето на тоалетна хартија низ земјата, така што во својот последен број објави неколку празни страници наменети за читателите „во зорт“. „Објавивме неколку празни страници во средина на списанието. Тие страници лесно можат да се одвојат, ако се најдете во итен случај", наведува „Дарвин“. Во Австралији се забележани 55 случаи на зараза со вирусно воспаление на белите дробови. Многу граѓани почнаа панична да купуваат од тоалетна хартија. Некои супермаркети поради разграбувањето, одлучија да го ограничат продавањето на овој производ. Во една продавница, полицијата мораше и да интервенира поради тепачка меѓу двајца муштерии за хартија. си/

Остани поврзан